Револт на граѓаните по одлуката на правосудните органи
ВМРО-ДПМНЕ го разбра револтот на граѓаните по одлуката на шравосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби.
„Тоа незадоволство доаѓа по 7-годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара“, се наведува во соопштението.
Партијата истакнува дека извршната власт има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата, што, според нив, го сторило МВР.
Лицемерието на СДС и почетокот на судските процеси
Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДС за лицемерие:
„Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“, додаваат од партијата.
