Дури и ако понекогаш доаѓа прилично бавно, правдата на крајот ќе биде задоволена. Без разлика на конкретните настани што доведоа ова да се случи денеска, а кои резултираа со прекин на обвинителската кариера на Вилма Русковска, останува фактот дека колку помалку „вилми“ во Македонија, толку ќе бидат подобри работите за правдата, вербата во правосудниот систем и народот.

Тешко е да се воспостави фер и авторитетен орган кој објективно ќе ги испитува играчите на правдата во услови каде што има широко распространета корупција која не е санкционирана од релевантните органи. Русковска беше деградирана од нејзината највисока можна функција во Советот на јавни обвинители, што и го заслужи, и покрај тоа има шанси се ова да биде резултат на „мафијашки пресметки“ во правосудниот систем.

Вилма Русковска, која ја извршуваше функцијата обвинител и на која во неколку наврати и одговоривме дека е алатка на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, допрва ќе има можност да зборува и да ги признае сите злосторства што ги направила и по чии инструкции таа го стори тоа.

Сега добивме само малку правда за оние кои беа неправедно осудени, вистинската правда доаѓа со нивното ослободување и прифаќањето на кривичната одговорност од Русковска и нејзините соработници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: A1ON