Тренерот на МКК Куманово, Стојан Ѓуроски, најавува дека Суперкупот во Куманово ќе прерасне во вистински празник на македонската кошарка и очекува голема поддршка од навивачите. Тој истакнува дека тимот ќе се соочи со квалитетен противник, но верува дека максималниот ангажман може да донесе победа.
Ѓуроски вели дека противникот годинава настапува на три фронта и ќе биде тешко, но дека роверот им дава самодоверба.
Не очекува исклучително тежок натпревар, против квалитетен противник кој добро го познаваме. Годинава има промени во ростерот, но знаеме дека станува збор за сериозна екипа која ќе настапува на три фронта. На нас е да го дадеме максимумот. Доколку го дадеме, мислам дека имаме шанси да стигнеме до посакуваната победа, вели Ѓуроски.
Тој додава дека Суперкупот се поклопува со големиот јубилеј на Куманово и дека салата треба да биде полна до последното место.
Мислам дека е битно во сабота да биде еден голем празник на македонската кошарка. Суперкупот се одигрува во Куманово, а Куманово слави голем јубилеј. Мислам дека ќе биде одлична пригода заедно да прославиме. Очекувам голема поддршка од „Кумани“, очекувам голема поддршка од целиот град. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последното место и дека на крајот од денот ние ќе дојдеме до посакуваната цел – победата, вели Ѓуроски.
