-Министрите за правда на нашите влади се во директен и редовен контакт бидејќи тие соработуваат и за ова прашање. Од минатото знаеме дека наследивме трагични случаи, тешки предмети кои има заследни и тешки процеси, но има и други предмети кои според мое убедување не се разјаснети до крај и за кој сѐ уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите како правдата би дошла до крај и да се најде вистината на крајот на краиштата, одговори Курти на новинарско прашање.
Зоран Заев не почувствува потреба да каже каков било коментар по изјавата на колегата Курти за неекстрадирањеро на Демири и Исмаиловиќ и за квалификациите и за барањето на „преки суд“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.