Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде се сретна со сопственикот на компанијата „Римин Еар“, Раде Ивановски, кој е пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можностите за основна обука на „ер трактори“.

Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, кои имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

ДЗС

Во овој момент, како што се посочува, ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис, кои се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба месецов, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено.