Јавен обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за 33-годишен жител од Дебар осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– Лицето е осомничено дека неовластено им продал наркотична дрога – марихуана на две лица за кои претходно беше отворена истрага на 24 јуни.
Осомничениот 33-годишник од Дебар дрогата им ја продал на автопатот Тетово – Гостивар за цена од 8.000 денари, соопшти државното Јавно обвинителство.