Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.
-Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, напиша Медведев на Телеграм.
Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.
-Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите, предупреди Медведев.