Полицијата во Северна Ирска денеска соопшти дека има „силни“ разузнавачки информации дека се планираат терористички напади в понеделник на 10 април.

Шефот на полицијата на Северна Ирска (ПСНИ) Сајмон Бирн рече дека полицајците ќе бидат распоредени по главните рути за да се справат со какви било потенцијални закани, полициска стратегија што не се користи со години, објави Скај њуз.

Потпретседателот на Владата на Република Ирска, Мајкл Мартин, говорејќи во Белфаст, ја осуди заканата од терористички напад, нарекувајќи ја „злосторство од најлоша форма“, а организаторите на нападот „многу зли луѓе“.

Британските медиуми наведуваат дека овој напад би можеле да го изведат републикански дисиденти.

Предупредувањето доаѓа неколку дена пред пристигнувањето на американскиот претседател Џо Бајден во Белфаст.

Фокусот на неговото патување ќе биде 25-годишнината од Договорот од Велики петок, кој годинава се паѓа на 10 април.