На 24.06.2022 во 18.50 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиновски“, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(67) од Гостивар удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.