На 24.06.2022 околу 12.50 часот на крстосница од ул.„Бутелска“ со ул. „Марко Крале“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(29) од с.Опаје, кумановско и мопед „купа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(22) од Скопје.

Во несреќата М.Ж. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.