На патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, денеска во периодот од 11:00 до 13:00 часот, ќе има прекин на сообраќај.

Како што информираат од АМСМ, прекиот на сообраќајот е поради најава за организиран собир (штрајк).

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.