Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин.

На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.

Од Автомото сојузот на Македонија информирата дека се преземаат мерки за расчистување.