Големото невреме и поројните дождови што ја зафатија Крива Паланка предизвикаа дотекување на доловите и излевање на реките.

Однесени се пешачки мостови, поплавени неколку домови, настанати се одрони и свлечишта и големи материјални штети информира Општиа Крива Паланка.

Поради оваа ситуација состанок синоќа одржа општинскиот Штаб за заштита и спасување кој донесе заклучоци за следење и санирање на состојбата. Утрово ќе почне проценката и распоредувањето на службите на местата каде што ќе треба да се интервенира. Ќе бидат затворени критичните патни правци и ќе биде издадена забрана за движење на пешачките местови и во речните корита.