Уличен дефект ги остави жителите без вода – санацијата во тек
Поради уличен дефект, од 22:00 часот вечерва ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците на дел од улицата „Борка Талески“. Вода ќе нема и во зградата број 63 на булеварот „Партизански одреди“, во општина Карпош. Ова го соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
ГТЦ и Градска болница останаа без вода
Се наведува дека прекинот ќе трае сѐ до целосна санација на дефектот. Засега не е прецизиран точен временски рок за нормализација на водоснабдувањето, па се препорачува жителите од овој дел на градот навремено да се снабдат со потребни резерви вода.
Водоснабдувањето ќе се врати веднаш по завршување на интервенцијата на терен, додаваат од јавното претпријатие.
Извор: Курир