Имено, една од најубавите жени на светот ќе биде гостинка на оваа актерска двојка во Кортановиќи, тврди „Информер“.
Моника и Слобода се запознале додека го снимаа филмот „На млечниот пат“ на Емир Кустурица во 2014 година и оттогаш тие постојано се во контакт.
– Честопати се допишуваат преку социјалните мрежи и коментираат меѓусебни објави на Инстаграм. На Моника навистина и се допаднаа Белград и Србија, па неодамна му рече на Боби дека би сакала да дојде повторно. Потоа, Слобода и предложи да го помине одморот со неа и Војин во Кортановиќи, каде имаат викенд куќа – открива Информер и додава дека таа ја прифатила понудата со раширени раце.
– Двајцата се сложуваме фантастично, како да сме се знаеле отсекогаш, како да сме школски пријатели. Имам само пофални зборови за неа, таа секогаш беше тука како поддршка. Го сакам зголемениот адреналин на снимањето, сите сцени ги правев сама, без акробации. Моника се изненади и ми рече дека не сум изведувач на циркус, туку актерка и дека ќе се повредам. Таа беше грижлива како нејзината мајка – рече Слобода за Моника Белучи при една прилика.