Заврши самитот на ОБСЕ во Скопје каде доаѓањето на високите претставници од САД и Русија беше во фокусот на јавноста. Сепак најмногу винамние предизвика авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје. Тој се врати во Москва, а дури и на враќањето одново му беше недостапно бугарското небо.
Самитот на ОБСЕ го одбележаа и низа контроверзии. На оваа тема разговаравме со Викторија Трајков каде акцент ставаме на пораките од меѓународната заедница, гостите во Скопје, контроверзиите и слично.
Една од темите за кои дискутиравме е дали е во ред гостите на настан организиран од Македонија, да пијат српска вода Роса или српска кисела вода Књаз Милош. Освен ова, имаше уште неколку нелогичности при протоколите на самитот на ОБСЕ.
Погледнете ја емисијата Еспресо со Златев и Боцевски од вчера.
Дводневниот семинар на ОБСЕ во Скопје заврши. Со завршната прес-конференција 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа го доби својот крај каде во центарот на вниманието беа Блинкен и Лавров.
57 земји членки и околу 1000 делегати дојдоа во нашиот главен град. Во кратки црти, ретроспективно овој настан го одбележаа неколку поважни случки. Премиерот Димитар Ковачевски категорично одби средба со рускиот претставник и со жесток наратив ја коментираше руската агресија врз Украина. Османи порача дека ОБСЕ е живо и дека дијалогот е најважен, а европските лидери едногласно ја осудија руската агресија врз Украина.
Како и вчера кога беше избегнато фамилијарното фотографирање, завчера кога беше без неформална вечерва, избегнувањето можна средба со Ентони Блинкен, осуда за руската агресија, игнорирање на неговиот говор, а на столчето оставено „Резервирано за НАТО“. На овој начин рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров беше маргинализиран во Скопје. Така и денеска сите едноглавно го маргинализираа Лавров, а на ваквите „осуди“ утрово возврати и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес конференција одржана пред и официјалното затворање на Конференцијата на ОБСЕ која денеска го имаше последниот ден.
„Блинкен и Борел постапија кукавички и тие си заминаа без да се соочат со мене, а секој обид да се прикаже дека ме игнорираат не им успева бидејќи јас бев тука на отворањето пиев македонско вино а нив ги нема“, рече Лавров.
Лавров го искоментира централниот слоган и испрати порака дека Западот е тој кој што има влијание врз самата организација и ја презентираат само нивната вистина.
„Македонскиот претседавач промовираше многу добар слоган „Се работи за луѓето“, но сепак вчера за време на мојот работен ручек им кажав на колегите еден факт. Верувам дека се работи за луѓето, мислам на сите луѓе, сите граѓани на нашите држави во ОБСЕ, дури и на оние кои не се дел како Латвија и Естонија, но изгледа дека тие се грижат за одредени луѓе кои моментално раководат со структурите на ОБСЕ. Барем ова можеме да го заклучиме од нервозните реакции на нашите западни колеги“, вели Лавров.
Лавров доби прашање за македонско – бугарските односи и како Русија гледа на тоа, по што вели дека проблемот според него лежив во Западот.
„Македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија – Бугарија, туку и другите балкански проблеми, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, заклучи Сергеј Лавров.
Тој во однос на тековната војна со соседите, рече дека токму Украина е таа што не ги почитувала одлуките и тврди дека стојат во заштита на човековите права.
Претходно, Блинкен оставари средба со премиерот Ковачевски. Тие изразија обострано задоволство од започнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој очекуван ќе ги продлабочи пријателските односи, подобрување на взаемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски на двете земји.
САД високо го ценат придонесот на Република Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан, рече Блинкен.
Државниот секретар посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел.
Лавров во Скопје изнесе низа дезинформации и руска пропаганда. Тој и денеска беше видно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако Османи го најави за говор. Неспремен за одговори, тој вчера по говорот веднаш ја напушти седницата.
Овој министерски состанок заврши со порака за крај на војни и конфликтите меѓу нациите, со пораки за единство и обединување, како и мултикултурализам. Следниот претседавач ќе биде Малта.
„Малта и официјално е новиот претседавач со ОБСЕ за 2024 година“, заклучи Османи