Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника со болки во стомакот, а ја поминал и ноќта во болница, веројатно поради труење со храна, објави А1он.
„Премиерот беше примен со болки во стомакот од веројатно труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега, по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба, изјави за порталот директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ.
Хоспитализацијата на премиерот синоќа го вознемирила членството на владејачката СДСМ, пишува А1он.
Целата вест на а1 он, можете да ја прочитате на следниот линк.