Христијан Мицкоски ќе ја проследи презентацијата на новопристигната опрема од САД, вклучувајќи 29 лесни оклопни возила во Касарна „Јане Сандански“ во Штип

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на презентација на новопристигната опрема од САД.

„Ве известуваме дека утре, 15.08.2025 година (петок) во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новата опрема од САД, 29 лесни оклопни возила – JLTV, во Касарна „Јане Сандански“ во општина Штип“, информираат од прес-службата на Владата.

Презентацијата на новопристигната опрема од САД се одржува со цел да се запознаат претставниците на Владата. Но и јавноста со новите способности и капацитети кои ги нуди оваа донација.