Утре, 11 ноември 2025 година (вторник), претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе ја посети фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид, информираат од прес службата на владата.

Посетата доаѓа во период на силен раст за компанијата: заклучно со декември 2025 година, КОСТАЛ Македонија планира 60% поголеми приходи во споредба со 2024 година.

Во 2026 година, компанијата започнува нов инвестициски циклус вреден над 30 милиони евра, со отворени 200 нови работни места и предвиден раст на приходите од 20% споредбено со оваа година.