Љупчо Пренџов од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ на денешната дебатата на собраниската седница се осврна на тоа дека парите од ребалансот на Буџетот за 2021 се прават со цел поткуп пред избори.
-Најголем дел од парите одат на социјални трансфери пред избори и тоа не е во ред, тоа е поткуп. Ако некој зема плата 14.500 илјади, а некој зема 12 илјади денари социјална помошне е никаков поттик. Тој што оди а работа троши многу повеќе од оној кој зема социјална помош. Тоа е лошо за потрошувачката, треба реални реформи, реални мерки, ако воопшто сакате заживување на економијата, рече Пренџов.
Според него на граѓаните во денешно време им требаат вештини, треба да бидат подготвени за новите работи, за онаму каде недостига кадар, а не кој за кого ќе гласа и 750 милиони повеќе ќе потрошиме.
-Да не го гласаме сега овој ребаланс, да го измениме. Ребаланс треба да има за вистински работи, а не за поткуп, рече Пренџов.