„Целата македонска јавност и целиот свет можеше да види дека власта на СДС и ДУИ удри во ѕид. Се распрснаа сите лаги како меур од сапуница и се виде кој две години ја лажел и манипулирал целата македонска јавност, се виде дека немаат луѓе за уставни измени“, истакна пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пренесува Курир.

Тој додаде дека единствениот излез на Република Македонија на овој ќорсокак се предвремени парламентарни избори.

„Едноставно сите тие тврдења кои ги слушаме повеќе од една година дека имале европски пратеници, повеќе европски пратеници, па им фалеле уште два, па имале 80 и повеќе пратеници, едноставно целата македонска јавност виде дека лажат и дека не само што никогаш нема да го имаат ниту еден пратеник од опозицијата, ги немаат ни своите пратеници“, кажа Пренџов.

Тој најодговорно тврди дека кога ќе дојде тој ден кога ќе се одважат да има гласање во Собранието ќе се види дека бројката е двоцифрена која што им фали на власта, а не дека ги имаат сите 80 пратеници и така и се случи бројката е двоцифрена.

Пренџов додаде дека од она кое што го видел викендов и денес се слуша е дека колку повеќе се тие денови на власт толку и од тие 70 пратеници ќе им се намалуваат и нема да им се зголемуваат.

„Сите лаги и манипулации излегоа на површина со оваа генерација на политичари играње нема и не минуваат никакви спинови лажење и делување на психолошката состојба. Ние сме цврсти и уверени, знаеме што правиме, знаеме која ни е целта и знаеме како да дојдеме до целта и сме пред доаѓање на целта“, истакна Пренџов.