-Нема никакви одолговлекувања со Буџетот, доколку го погледнете Деловникот не од сега туку така е во последните 30 години, вие имате 10 дена амандманска расправа потоа се враќа повторно во Влада, и потоа имате пет дена Пленарна седница. Така што генерално ако видите, ќе видите дека овој Буџет се носи навистина брзо затоа што само три дена не се работеа кога беа денови на жалост инаку работевме и сабота вклучително. Така да генерално тука нема никакви рокови кога се работи за бројки. Кога се бројките во прашање ние можеби ги толкуваме на еден начин или на друг начин. Власта за Буџетот смета дека е развоен, а ние сметаме дека не е истакна Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Пренџов додаде дека тој направил споредба каде е Република Македонија по сите параметри, а каде е регионот. За жал Македонија е прва во регионот по невработеност и по инфлација. А, Македонија е на последно место по животен стандард, и по просечно исплатена плата. Македонија е последна и по индустриско производство во регионот. Додека во Македонија индустриското производство паѓа по 8% месечно, во Србија расте по 17%, во Косово расте 12%, Албанија расте 9%.
Тој посочи дека единствено е вложено само во четири ставки и тоа се платите на администрацијата, договорните услуги по институциите, привремените вработувања, разни трансфери.
-Кога имате вие покачена бројка за 300% на разни трансфери тогаш вие гледате дека тоа се најматните работи, каде што гледате дека работите се алармантни, појасни Пренџов.
Пренџов укажа дека просечната плата во Македонија 464 евра, а во Косово е 526 евра.
-Кога ќе видите дека од шесте пакети на мерки се уште не се исплатени средствата, а се гласани од повеќе од шест месеци ќе видите дека ние имаме сериозни финансиски потешкотии. Затоа нас ни треба општа реорганизација затоа што нас ни следуваат многу сериозни работи поврзани со енергетиката и енергетската криза, рече Пренџов.