Голем дел од животните живеат во адаптирани живеалишта за да можат полесно да ги поднесат температурите, а вработените во зоолошката градина им помагаат со специјално подготвени оброци за нив, меѓу кои е и сладоледот со кромид.

Да, добро прочитавте.

-Сте виделе сладолед со кромид? Епа жирафите го обожаваат, велат од ЗОО Скопје во својата објава на Фејсбук.