Непознат сторител провалил во кафуле во Германија, но наместо пари, украл две кутии сладолед и торта.
Како што соопшти локалната полиција на Есен, провалата се случила во саботата, околу 2:30 часот по полноќ, во близина на термалните бањи во градот Бад Залцуфлен, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Полицијата и понатаму трага по сторителот, иако сè уште не се знае причината за извршеното дело.
Сè уште не знаеме дали намерно ги украл намирниците или пак, за време на кражбата почувствувал глад“, образложи портпаролот на полицијата.
