На 03.09.2023 во 00.45 часот на Градскиот Плоштад во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната кацеларија за криминалистички работи Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(24) и 21-годишната Р.И., двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај П.М. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, при претрес во домот на П.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од марихуана и пари во залични апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.