Француската полиција изврши претрес во куќата на Насер Ал-Хелаифи, претседател на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен Жермен и извршен директор на медиумскиот холдинг „beIN Media Group“.
Според тамошните медиуми, акцијата на полицијата е поврзана со истрагата за киднапирање, незаконско приведување и тортура на лобистот Тајеб Бенабдерахман.
Портпаролот на Ал-Хелаифи рече дека им е дозволен пристап на истражните органи, како и дополнителни информации: „Сè се одвива во целосна соработка со властите“.
„RMC Sport“ објави информација дека поради претресот во куќата на Ал-Хелаифи, претставувањето на новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике ќе биде одложено за три часа.