МВР влезе во Судскиот совет и врши претреси, јавува „Скопје1“. Според првичните информации, во моментов се вршат проверки, наводно поврзани со постапување на членови на советот за одредени случаи. Не се исклучува поврзаноста на апелациониот судија Енвер Беџети.
„Во рамките на Судскиот совет работат полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје. Поточно, се обезбедуваат две записи за проверка на потенцијални елементи на кривично дело“, велат од МВР.
Неофицијално, случајот можеби е поврзан со Артан Груби кој пред само неколку дена заврши на американската црна листа. Оттука не се исклучува можноста за негова санкција.
Премерот Мицкоски најави големи промени во правосудството. Останува да видиме каква разрешница ќе имаат процесите поврзани со Артан Груби. Министерот Тошковски најави одговорност.