Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на Македонија до крајот на месецот. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски, пренесе Макфакс.

Како што рече, интерес да ја посети земјата изразил и францускиот претседател, Емануел Макрон.

„Претседателката на Европската комисија до крајот на месецот ќе ја посети Северна Македонија. Претседателот Макрон неколкупати јавно изрази желба и рече дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја“, рече Ковачевски.

Прашан дали Северна Македонија и Албанија ќе бидат одвоени во самитот во декември, Ковачевски изјави дека ние еднаш се разделивме од Хрватска кога не носевме одлуки, а оние што не ги носеа одлуките сега се против европските интеграции. Хрватска, вели Ковачевски, сега e дел од ЕУ, воведе евро и е дел од шенген-зоната.