Додека партијата ЛДП бележи најлоши резултати откако е формирана, претседателот Горан Милевски место за партијата, работи за фамилијата, обинуваат неговите соработници.
Тие велат дека тој од позиција на министер влијаел и успеал да ја вработи сопругата на Клиника, баџанакот го назначил за Директот на државна лотарија, а членува и во Управниот одбор на Агенцијата за пошти, додека неговата сопруга е вработена во Државниот испитен центар, братучедот го вработил во Државна видео лотарија, кумашинот во Идризово, а кумашинката си ја зел во неговиот кабинет во министерството.
„Партијата не е биро за вработување. Мојата сопруга и пред да ја запознам била докторка и работела во приватно и јавно здравство“, вели Горан Милевски, престедател на ЛДП.
„Резултатите на ЛДП ги нема, но затоа Горан Милевски покрај своето загарантирано министерско место, го има вработено речиси цело потесно семејство во државни институции, без никакви консултации ниту со членството, ниту пак со согласност на партиските органи. Членовите на партиските органи на Либерално демократската партија, Централниот одбор и Извршниот одбор, веќе извесно време бараат одговорност од Милевски и за моменталната состојба на партијата, како и за личниот дебакл на локалните избори во Битола, но одговори нема “, обвинуваат сопартијци на Милевски.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.