Вучиќ изјави дека над 50 отсто од минитрите во Владата треба да бидат сменети
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на вонредно обраќање, во придружба на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, и премиерот Милош Вучевиќ, изјави дека повеќе од 50 отсто од министрите во Владата треба да бидат разрешени, а реконструкцијата на Владата мора да биде спроведена што е можно побрзо.
Помилување за студентите
Во своето обраќање, претседателот Вучиќ истакна дека е подготвен да ги помилува студентите кои се опфатени со кривични процеси, доколку тие го побараат тоа.
„Јас сум подготвен да направам сè што е потребно за младите да не бидат казнети, но тие треба да знаат дека редот и законите мора да се почитуваат,“ рече Вучиќ.
Протест на студентите во Белград
Протестот на студентите, кој денеска трае 24 часа со блокирање на белградската Автокоманда, продолжува како реакција на незадоволството од политиките на Владата и одредени настани кои ја потресоа јавноста. Студентите бараат решенија и поддршка за нивните права, додека Владата повикува на дијалог.
Подетални информации за изјавите на претседателот Вучиќ за барањата на студентите може да следите во живо.
(ВО ЖИВО) ВОНРЕДНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ со обраќање до нацијата
Овде ги има сите детални информации.