Претставен најнапредниот модел на вештачка интелигенција
ОпенАИ го објави GPT-5, својот најнов и најнапреден модел на вештачка интелигенција. Од денеска е бесплатен и достапен за сите корисници. Компанијата најави дека моделот е значително попаметен, побрз и покорисен, особено во области како пишување, кодирање и здравствена заштита.
Извршниот директор Сем Алтман изјави: „Се обидов да се вратам на GPT-4 и беше доста жално“. Додаде дека новата верзија е како „тим од експерти со докторат на располагање во секое време“.
Подобрени безбедносни механизми
За разлика од претходните верзии, GPT-5 нема директно да одбива да одговара на потенцијално ризични прашања, туку ќе користи безбедни дополнувања, со што ќе дава одговори на високо ниво во рамките на строги безбедносни ограничувања. Мишел Покрас, раководителка во компанијата, нагласи дека моделот е обучен да препознава кога задачата не може да се изврши, да избегнува шпекулации и појасно да ги објаснува своите ограничувања, намалувајќи ги неподдржаните тврдења.
Достапност и интеграција во Microsoft производите
GPT-5 веќе е достапен за корисниците на Free, Plus, Pro и Team плановите на ОпенАИ, како и во производите на Microsoft. Microsoft 365 Copilot, Copilot за потрошувачи и Azure AI Foundry ќе ја интегрираат новата верзија, овозможувајќи им на програмерите да вградуваат AI функционалности во апликации од трети страни. ОпенАИ очекува оваа недела ChatGPT да достигне 700 милиони неделни активни корисници. Во преговори со инвеститори е за потенцијална продажба на акции во вредност од околу 500 милијарди долари, објави CNBC.