За мерката гласаа 216 конгресмени, а против беа 208. Доколку биде усвоен и од Сенатот, новата држава, 51-ва по ред, ќе има еден член во Претставничкиот дом и двајца сенатори кои ќе претставуваат повеќе од 700.000 жители.
Постапката долго време беше приоритет на демократите а со цел проширување на гласачките права и решавање на проблемот со расната нееднаквост во Вашингтон. Нацрт закон предвидува Вашингтон да се именува како Даглас комонвелт, во често на Фредерик Даглас, Афроамерикански борец за човекови права.
Според предлогот, Националнота алеја, Капитол хил, Белата куќа и други федерални објекти и земјишта, ќе останат во управа на Конгресот.
Преставничкиот дом и лани гласаше за државност на Вашингтон, но проектот потоа не помина во Сенатот каде беше стопиран од републиканците, кои тогаш беа мнозинство.
Постои сомнеж дали оваа мерка може да помине и сега, бидејќи повеќемина сенатори демократи сеуште намаат дадено јавно поддршка, а ќе бидат потребни и гласовите на уште десет републиканци, за да се постигне двотретинското мнозинство и усвојување на мерката од двата дома на американскиот Конгрес.