Комитетот на сѐ уште мнозинските демократи во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во петокот ги објави даночните пријави за шест години на претходниот републикански претседател Доналд Трамп, неколку дена пред републиканците да ја преземат контролата над долниот дом на парламентот.
Со објавата на ревидираните извештаи на Трап за периодот меѓу 2015 и 2020 година завршува повеќегодишната борба меѓу демократските пратеници и поранешниот републикански претседател која во ноември ја реши Врховниот суд на САД.
Оваа објава се доживува како удар за 76-годишниот милијардер кој сега се соочува со неколку правни проблеми, а вистинската цел е да се спречи повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, како што повеќепати најавуваше.
Извештаите, како што пишува весникот The New York Times, покажуваат дека американската Даночна управа (IRS) не извршила ревизија на приходите на Трамп во првите две години од неговиот мандат и не започнала постапка за испотување до 2019 година, кога демократите во Претставничкиот дом не ја покренаа иницијатива за постапката за надзор.
„Се покажа дека нашите заклучоци се едноставни: IRS не ја започнал својата задолжителна ревизија на поранешниот претседател сѐ додека не го поднесов своето прво барање“, изјави пратеникот Ричард Нил од Масачусетс, претседател на комисијата која во 2019 година побара објава на даночните пријави на претседателот Трамп.
Републиканците предупредија дека ова објавување би можело да доведе до претворањето на индивидуалните даночни пријави во политичко оружје, и додаваат дека републиканските пратеници коишто следниот месец ќе го преземат Комитетот ќе бидат под притисок истата метода да ја искористат против високопозиционираните демократи, вклучително и нивниот претседател Џо Бајден.
Трамп, кој ја презема должноста во 2017 година, беше првиот претседателски кандидат по повеќе децении кој не ги објави своите даночни давачки. Покрај тоа, го тужеше Комитетот во обидот да ја зачува нивната тајност, но судот пресуди против него.
Поединостите кои комитетот претходно ги објави, се вели дека покажале оти Трамп не го платил данокот на приход за 2020 година, последната во неговиот мандат, а неговото деловно царство заработило како и порано милиони долари.
Се забележува дека приходите на Трамп и даночните пријави значително осцилирале во периодот меѓу 2015 и 2020 година, во текот на неговата претседателска кандидатура и мандатот. Трамп и неговата сопруга Меланија барале големи одбивања, па во тие неколку години плаќале помалку данок на приход.