За предлог-законот гласаа 220 членови на Долниот дом на Конгресот, додека 213 гласаа против.
Гласањето беше одложено бидејќи лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, кој се противи на законот, претходната вечер зборуваше рекордни осум и пол часа, критикувајќи го законот.
Неизвесно е дали предлог-законот ќе биде усвоен во Сенатот, бидејќи некои сенатори од владејачката Демократска партија изразија загриженост за трошоците и обемот на програмата на Бајден, која првично предвидуваше да се издвојат дури 3.500 милијарди долари.
Според проценките, буџетскиот дефицит со оваа програма ќе се зголеми за 367 милијарди долари во следните 10 години, но новите приходи, по планираните промени во наплатата на даноците, би можеле да донесат 127 милијарди долари во буџетот до 2031 година, наведе Гласот на Америка (ВОА).
Белата куќа проценува дека промените во работата на Даночната служба ќе донесат дополнителни приходи од 400 милијарди долари во буџетот и дека дефицитот, благодарение на овој закон, во следните десет години ќе биде помал за 121 милијарда.