Според него, Франција нема да попушти за ова прашање и обвини дека Лондон „си игра со француските нерви“.

-Не го добивме тоа што го сакавме. Тие си играат со нашите нерви, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на северна Франција, пренесоа британските медиуми.

Франција и вели Британија се расправаат околу бројот на дозволи што Лондон им ги додели на француските рибарски бродови по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Франција наведува дека многу рибарски бродови ловат риба без дозволи, додека Лондон тврди дека го почитува договорот.