Полициски службеници во близина на Граничниот премин Долно Блаце вчера околу 22 часот лишиле од слобода 72-годишен жител на Скопје, кај кого биле пронајдени мигранти.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за В.А. (72), кој е осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“ согласно член 418-б од Кривичниот законик.
При контрола на неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблички, полицијата пронашла четири лица – мигранти од Индија.
По документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
