УСАИД денеска ќе го презентира проектот за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе ги презентира успешните меѓународни и домашни практики за ефективно собирање на општинските приходи од сопствени извори.

По презентацијата ќе следи пленарна дискусија на која ќе се говори за предизвиците и препораките за подобрување на општинските приходи од сопствени извори и потребата од подобрување на законодавната регулатива.

На настанот, како што информираат од УСАИД ќе говорат претставникот на УСАИД во Северна Македонија Џејмс Стајн, директорката на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Гинка Капитанова и градоначалнчката на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект кој им помага на владините институции во Северна Македонија да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.