Успешната градителска приказна на Адора Бизнис Групација, започната во Македонија пред 25 години, денес се развива низ целиот регион и пошироко, реализирајќи проекти во Македонија, Грција, Србија и во Словенија. Дел од своето актуелно портфолио и најновите инвестициски можности, групацијата официјално ќе ги претстави на овогодинешното издание на саемот за недвижности Real Expo, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во главниот фокус на претстојната презентација е комплексот „Порта Скопје by Adora“, современ станбено-деловен комплекс лоциран во центарот на Скопје. Овој проект е проектиран според највисоките европски стандарди за квалитет, функционалност и секојдневна удобност во живеењето, при што обединува современи станбени единици и модерен бизнис-центар, дефинирајќи нова урбана дестинација во срцето на градот.

Покрај домашниот пазар, компанијата ги промовира и своите инвестиции на грчкото крајбрежје. Меѓу нив е станбениот комплекс во Неа Флогита, кој содржи пространа дворна површина, приватен паркинг простор и базен, сместен на само 90 метри оддалеченост од морето. Овој комплекс е веќе целосно завршен и предаден во употреба, овозможувајќи им на станарите да го поминат летото во нов дом крај брегот. На саемот ќе биде најавен и нов проект за изградба на луксузни вили во непосредна близина на морето во Геракини, наменет за купувачи кои бараат ексклузивно приморско живеење со висок инвестициски потенцијал.

Значајна новина на годинешното саемско претставување е проектот „Ivory by Adora“ во Љубљана, Словенија, што претставува остварување на визијата на Душко Чифлиганец за натамошно проширување на градежните активности кон европските метрополи. Станува збор за модерен станбено-деловен објект позициониран на атрактивна локација во словенечкиот главен град, кој навлегува во својата завршна фаза на градежна реализација со отворање на продажбата на становите.

Како дополнителна атрактивна инвестициска понуда, на саемот се претставува и објектот „21st Century Zlatibor by Adora“ во Србија. Во рамките на овој веќе реализиран проект, за потенцијалните инвеститори се отвора директна можност за вложување во комерцијален ресторански и спа-простор.

Во рамки на долгорочните планови, Адора Бизнис Групација подготвува и проект од општествено одговорен карактер со посебно значење за младите генерации и заедницата. Станува збор за изградба на спортско-едукативен центар во Општина Аеродром, кој ќе се реализира во чест на Душко Чифлиганец.

„Без соодветен третман на младите, за ниедна држава и ниедна нација и народ нема иднина“, беше пораката на Душко Чифлиганец со која компанијата ја води оваа иницијатива.

Со овој зафат, групацијата ја нагласува својата заложба за надградување на градежните инвестиции преку континуиран придонес кон развојот на младите и општеството во целина.

„За Адора Бизнис Групацијата останува мотото ‘Инвестирањето во квалитетна недвижност со европски стандарди е најсигурна и најцврста валута’“, изјави д-р Драгана Чифлиганец, заменик генерален директор на компанијата.

Присуството на манифестацијата Real Expo во арената „Борис Трајковски“ претставува директна можност за заинтересираните инвеститори и граѓани непосредно да се запознаат со сите детали за актуелните станбени единици, комерцијални капацитети и регионални проекти на групацијата.