Во првите девет месеци од годинава е забележан рекорден број регистрации на електрични автомобили во светот, со вкупно околу 11 милиони возила. Ова претставува зголемување за 12 проценти во споредба со истиот период минатата година, според најновата анализа на консултантската компанија „ПвЦ“.

Европа се издвојува како главен двигател на растот, со продадени 2,5 милиони електрични автомобили од почетокот на годината, што бележи раст од 42 процента во однос на истиот период лани. Во Германија биле регистрирани 604 илјади нови електрични возила, што е за 58 проценти повеќе во споредба со ланските податоци. Со овој резултат Германија се најде на третото место во светот, зад Кина и САД, при што разликата во однос на второпласираните САД продолжува да се намалува.

Во Соединетите Американски Држави регистрациите на целосно електрични автомобили на батерии се намалиле за 29 проценти, достигнувајќи околу 746 илјади во првите девет месеци од годинава. Во Кина, која претставува најголем светски пазар на електрични автомобили, продажбата бележи стагнација на ниво од нешто повеќе од шест милиони возила, покажуваат податоците на компанијата.