Како што изјави Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија, сите седум хоспитализирани кои ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очекува по еден ден или два да бидат префрлени во Скопје.
-Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префрлиме после во Скопје, рече Османи.
Тој е во Софија по трагичната несреќа што се случи ноќеска заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.