Најмалку 113 Палестинци се убиени, а 250 се повредени во изминатите 24 часа во Газа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската енклава, соопшти Ројтерс. Меѓу жртвите се и двајца новинари кои биле убиени во израелските напади – Мустафа Тураја, хонорарен видеограф кој работи за Франс прес од 2019 година и Хамза Ваел ал-Дахдух од ТВ Ал Џезира.
Тие загинаа додека патувале со автомобил во Појасот Газа. Хамза Ваел ал-Дахдух е син на Ваел ал-Дахдух, кој е шеф на бирото на Ал Џезира и кој неодамна беше повреден во израелски воздушен напад во Газа. Ваел ал-Дахдух, исто така, ги загуби сопругата и двете негови деца во друг израелски напад во раните недели од војната.
До 31 декември, најмалку 77 новинари и медиумски работници загинаа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Од нив 70 биле Палестинци, 4 Израелци и 3 Либанци.
Засега вкупниот број на загинати цивили на опколената палестинска територија од 7 октомври е 22.835, а ранетите достигна 58.416.
Претходно, тензијата се зголеми откако беше убиен заменик лидерот на Хамас. Повеќе за тоа може да прочитате во продолжение.
(ВИДЕО) Убиен е заменик-лидерот на Хамас: Замрзнати се сите преговори за примирје