Регионалниот гувернер Максим Козицки изјави дека ракетите врз Лавов се истрелани од авион од правецот на Касписко Море, при што загинаа седум луѓе, меѓу кои и едно дете.

Козицки истакна дека врз Лавов се истрелани четири ракети, при што се погодени три магацини и една автомеханичарска работилница.

Тој претходно изјави дека при нападот е „тешко оштетена“ воената инфраструктура.