Пораките со дојави за бомба доаѓаат од илјадници адреси поради употреба на таканаречени виртуелни адреси, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Како што додаде тој, полицијата соработува со сите меѓународни фактори за да се расчистат случаите.
„Најчесто станува збор за Ви-Пи-Ен конекции кои не се една Ај-Пи конекција, туку се појавуваат илјадници адреси во светот од тој провајдер. Таму каде што има можност да се утврди, ги утврдуваме. Се преземаат сите можно мерки. Центарот за меѓународна полициска соработка е во постојана комуникација, Интерпол, Европол и тн“, рече Спасовски.