Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека има постојан штаб кој работи на проблематиката со дојавите за бомби кои станаа се почести.

Посочи дека веднаш по дојавите ги известуваат сите меѓународни релевантни партнери и се споделуваат информациите.

-Еве, сме на пат и многу блиску да се расчисти случајот со лажните дојави за бомби во Кавадарци, вели Спасовски.

Се работи интензивно, рече министрерот и додаде дека не секогаш е лесно да се дојде до податок.

-Сите расположливи капацитети во овој дел се на терен. Се гледа и од дојавите дека се дел од таканаречената хибридна војна. Има дојави и во земјите од регионот, комуницираме, текстот на пораките е речиси ист, нагласи Спасовски кој додаде дека во моментов нема индиции за било какво нарушување на безбедноста на државата.