Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје денеска го лишија од слобода С.В. (42) од Скопје.
Како што информираат од МВР, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје е извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални ваги и една дробилка, како и пиштол „Црвена застава“ калибар 65 со една рамка и три куршуми.
Лицето е приведено во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.