Jордан Камчев доцна попладнево го напуштил затворот во Шутка каде што беше во притвор речиси една година осомничен во случајот„Плацеви на Водно“, каде првоосомничен избеганиот екс премиер Никола Груевски и Сашо Мијалков, кој деновиве исто така е пуштен од притвор.

Скопска апелација вчера ја прифати понудената гаранцијата од речиси 11 милиони евра со што му овозможи на Орце Камчев да се брани од слобода.

Новогодишните празници Камчев ги помина во неговата болница Систина каде беше хоспитализиран со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил во добра здравствена состојба,

ТВ Клан вечерва објави дека Камчев од затворската ќелија во истражниот затвор ги собрал сите свои работи и си заминал дома.