Денеска (13.09.2021) во 10:10 часот на ул.„Петре Георгиев” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје.
Тој се барал по две потерници од Основен Суд – Скопје 1 за издржување вкупна казна затвор од две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.