АХВ затвори девет новогодишни куќарки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) затвори девет новогодишни куќарки во Градската чаршија во Струга, поради неисполнување на основни хигиенски услови за работа.

Вонреден инспекциски надзор

Како што информираат од Агенција за храна и ветеринарство, спроведен е вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки, при што се издадени решенија за забрана за работа. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а дополнително им се наложува регистрација во АХВ како оператори со храна.

Утврдени сериозни хигиенски пропусти

Контролата, извршена на 22 декември, покажала дека во куќарките работеле физички лица во несоодветни и нехигиенски услови. Објектите не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а вработените немале извршени задолжителни здравствено-санитарни прегледи. Дополнително, не биле почитувани правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса.

Забраната останува до исполнување на условите

Од АХВ нагласуваат дека решенијата за времена забрана на вршење дејност ќе останат во сила сѐ додека не бидат исполнети сите законски и хигиенски услови за безбедно работење.

Ова не е прва контрола на АХВ пред празниците.

КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: АХВ спроведе 262 инспекции пред празниците