Со потоплото време, доаѓа и поразновиден избор на свежо овошје кое може да биде многу корисно за човековото здравје. Меѓу изборот се и јагодите, богати со витамин А, Ц, калиум, калциум, магнезиум и фолна киселина. Следи дел од причините зошто јагодите треба да бидат на секојдневното мени…

Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Витаминот Ц е еден од најважните витамини коишто го зајакнуваат имунитетот, а јагодите се богати со него. Стручњакот за исхрана од турската болница „Аџибдем“, Нур Осман смета дека ова е многу важно.

– Секогаш кога е можно, јадете свежи јагоди, неприготвени, ниту во облик на џем, бидејќи така го губат витаминот Ц, вели таа.

Делотворни против анемија

Јагодите се богати со фолати, односно витамин Б-9, па се ефикасни во лачењето здрави црвени крвни зрнца. Недостатокот на фолна киселина може да доведе до анемија, а и регенерација на клетките во телото. Посебно е важно жените во плодниот период да внесуваат доволно фолна киселина.

Ја подобруваат кожата

Витаминот Ц на кожата ѝ дава еластичност и жив изглед, одложувајќи го создавањето на брчките, но и штитејќи ја кожата од ултравиолетовите зраци.

Го уништуваат холестеролот

Витаминот Ц, како и антицијаните и влакната, помагаат во подобрување на крвта со намалување на штетниот ЛДЛ-холестерол и триглицеридите.

Добри се за здравјето на срцето

Флавоноидите се главната група фенолни соединенија во јагодите, односно фитохемикалии кои имаат многу здравствени придобивки поради биоактивните својства. Тоа го намалува оксидативниот стрес, спречуваат атеросклероза (стврднување на артериите) и помагаат во одржување на крвниот притисок.

Јагодите ја зајакнуваат меморијата

Аскорбинска киселина, или витамин Ц – игра улога во обликувањето на обвивката што ги покрива нервните клетки во мозокот. Комуникацијата помеѓу овие клетки е од големо значење за зајакнување на менталните функции, од коишто најважни се меморијата или одлучувањето.

Помагаат да се контролира тежината

Јагодите прават да се чувствувате сити, благодарение на високата содржина вода и пулпа, што значи дека ќе има помала потреба од храна.

– Гликемискиот индекс на јагодите, којшто мери колку брзо храната го зголемува нивото шеќер во крвта, не е висок. Тоа значи дека придонесува за рамнотежа на шеќерот во крвта, истакна Осман.

Помала штета предизвикана од пушењето

Пушачите имаат пониски нивоа витамин Ц во крвта, а кога во телото се зголемуваат реактивните видови кислород, оштетувањето на ткивото е неизбежно. Затоа, на пушачите им се потребни антиоксиданси кои го неутрализираат реактивниот кислород, во што може да помогнат јагодите и сѐ што содржи витамин Ц.

Јагодите ја регулираат столицата

Високата содржина на вода и влакна ја оптимизира функцијата на цревата и на тој начин јагодите спречуваат запек. Тоа, меѓу другото, на подолг рок, спречува и рак на дебелото црево.

Ги зајакнуваат непцата

Витаминот Ц е здрав и за непцата, па така ги зајакнува и забите.

Јагодите штитат од рак

– Антоцијаните кои се наоѓаат природно во црвеното овошје имаат антиоксидантни својства и помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес во телото. Тие имаат и заштитна улога против ракот со нивните антиинфламаторни и антимутагени ефекти одговорни за заштита од потенцијално штетни генетски промени, објаснува Озман.

Помагаат да се одржи и рамнотежата на шеќерот во крвта

Консумирањето на неколку јагоди дневно помага да се одржи рамнотежата на шеќер во крвта.

Конечно, докторката смета дека јагодите, како и секое овошје, треба да се јадат умерено и дека за дневен внос се доволни само 10 – 12 јагоди со средна големина. Многу е важно и добро да се измијат пред консумирање.