„Прифаќаме дека нашето уредување ненамерно создало впечаток дека прикажуваме еден континуиран дел од говорот, наместо извадоци од различни делови од говорот, и дека ова дало погрешен впечаток дека претседателот Трамп директно повикува на насилни дејствија“, соопшти Би-Би-Си.

Би-Би-Си му се извини на Доналд Трамп за погрешно уредениот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Трамп: Втора шанса?“, кој создавал впечаток дека тој директно повикува на насилство.

Признаа дека споиле делови од говори одвоени речиси еден час и така го изоставиле делот каде Трамп повикува на мирен протест. Трамп преку адвокат се закани со тужба од 1 милијарда долари. Поради скандалот, генералниот директор Тим Дејви и уредничката Дебора Тернес поднесоа оставки, а документарецот нема повторно да се емитува.